Ковачевски: Се надевавме на подобар резултат, јасно е дека луѓето не казнија, но нема да ги наведнеме главите

Од:

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

„ Задоволен сум што гласањето мина во мирна и демократска атмосфера , достоинствено и без нарушувања на избирачкиот процес, како и што и доликува на држава која сака да стане дел од европското семејство.„ порача Ковачевски.

„ Се надевавме на подобар резултат но јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но се уште не е доцна да се смени правецот. Откажувањето не е опција за нас. Ние никогаш нема да се откажеме од европската иднина на Македонија. Имаме уште две недели да ја испратиме пораката до секој град, село, до секоја куќа, до секој човек, до секој граѓанин, дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграцијата на државата“, рече Ковачевски.

„ Време е да ги ставиме на страна сите разлики и да се обединиме зад идејата за европска Македонија. Знам дека многу наши подржувачи се разочарани но сега не е време за откажување. Јас ќе бидам на терен секој ден и сите околу мене и ќе работиме да ја добиеме подршката. Ние нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите. Ќе се бориме се додека не победиме.“ порача Ковачевски кој упати порака и до претседателскиот кандидат Пендаровски.

„Ова е наша заедничка борба, ќе се боиме заедно рамо до рамо, ова е најважната битка за македонската иднина. Борбата за европска Македонија продолжува и на 8 мај, во вториот круг на претседателските и парламентарните избори. Се гледаме за две недели! Да живее европска Македонија“, рече тој.

Запрашан дали размислува за оставка Ковачевски вели

„Ова е само прв круг, а очекуваме многу подобар резултат во вториот круг бидејќи повеќето партии се со лева ориентација. Но, јас никогаш не бегам од одговорност. Сепак, што се случува по секои избори во партијата одлучуваат органите на партијата – додавајќи дека во партијата за тоа ќе одлучуваат централниот и извршниот одбор на конгрес.Не може никој да има поголема одговорност од претседател на партија и на влада или на организацијата која се натпреварува. Знаете дека ја имавме честа да ја предводиме владата во изминатите 7 години. Во тие 7 години јас имав чест 2 години да ја предводам владата. Во тие години направивме грешки, ако некој беше одговорен, тогаш единствено јас можам да бидам одговорен.“ рече Ковачевски.

 

 

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите