Ова ќе ве шокира! Дали знаете што работел Брус Вилис пред да стане актер?

брус вилис
Брус Вилис / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Холивудскиот актер Брус Вилис, по повеќедецениска плодна кариера, беше принуден да се пензионира, поради болеста афазија. Во март 2022 година, неговото семејство објави дека тој ќе се повлече од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на способноста на една личност да комуницира, пишува „Марка“.

Децениите поминати во актерството беа исполнети со успех за 67-годишниот актер, но дали оваа професија била прва во животот на Вилис? Во младоста со каква работа се занимавал? Одговорот може да ве шокира.

Актерот Брус Вилис на британската премиера на филмот „Die Hard 4.0“ во Лондон / 20 јуни 2007 / Фото: EPA/LINDSEY PARNABY

Пред да стане познат, Вилис во средината на 70-тите работел во нуклеарна електрана како службеник за безбедност. Тоа било едно од неговите први работни места по завршувањето на средното училиште, а во претходните интервјуа изјавил дека понекогаш било доста опасно и дека се пробивал низ снегот за да провери дали сѐ е во ред околу фабриката, па се спуштал 100 метри под земјата, во центарот на фабриката.

Покрај тоа, работел како приватен истражувач и возач на камион, а во слободното време свирел усна хармоника во својот блуз бенд.

Вилис актерската кариера ја започна во Off-Broadway претставите, а се прослави со улогата во серијата „Moonlighting“.

Во текот на својата кариера, Вилис снимил повеќе од 70 филмови, а како што рекол, работата во нуклеарната електрана му помогнала во толкувањето на одредени улоги.

Повеќе на темата:

Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

Што е афазија, тешката болест поради која Брус Вилис се повлече од актерството?

„Љубовта на мојот живот“: Сопругата на Брус Вилис раскажа како се вљубила во актерот

Изгледа изморено и збунето: Брус Вилис фотографиран на улиците на Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот