Вести Македонија Топ вести

Долгото чекање за влез во ЕУ значи помалку инвеститори за Северна Македонија

Недостатокот на напредок во разговорите за влез во Европската унија (ЕУ) ги оддалечува инвеститорите од земјава, вели гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска Бежовска.

Според неа, досегашните искуства со економиите на другите земји покажале дека пристапувањето ќе ја зајакне домашната економија.

„Недостатокот на напредок е пречка за инвеститорите, кои сè уште чекаат да видат одреден моментум во разговорите“, вели македонската гувернерка.

Информира дека Бруто-домашниот производ на Македонија е 40% од просекот на ЕУ и на земјата и треба повеќе технологија и иновации за да ја зголеми продуктивноста.

Меѓувреме, поради долгото чекање паѓа и интересот на македонските граѓани кои го поддржуваат членството на земјава во ЕУ. Бројот на оние кои велат дека земјава никогаш нема да стане дел од европското семејство пораснал за 7 отсто изминативе 10 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска недела на имунизација- Слушајте ги научниците, не дезинформациите

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе