ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Директорот од Токсикологија се уште го нема добиено отказот од Министерството за здравство

Министерот за здравство вчера најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а денеска велат дека се уште не го потпишале отказното решение. Од Министерството најавија дека се чека вонредниот извештај на Државниот санитарен здравствен инспекторат за потоа да се донесе правосилна одлука.

Во меѓувреме, низ медиумите кружат информации дека меѓу 18-те вработени со договор на дело, еден од техничкиот персонал извршил притисок врз лаборант да му ја смени урината на лице со наркотични супстанции. Овие укажувања ќе бидат проверени од надлежните органи.

„Министерството за здравство побара да се изврши вонреден инспекциски надзор на Универзитетската клиника за токсикологија – Скопје во врска со статусот на 18 вработени лица кои добиле согласност од Министерството за финансии, за да се констатира моменталната состојба. За оваа постапка нема повреда на законските овластувања и тоа е заложба на министерот Илир Демири. По пријавата добиена од надлежните инспекторати ќе се постапи согласно законските прописи“, наведуваат од Министерството за здравство.

За овие судири во Токсикологија, всушност причина станаа 18-те вработени кои веќе 4 месеци немаат земено плата. Меѓу нив лаборанти, медицински сестри, административци и повеќето со повеќегодишно работно искуство само со договор на дело. Во сите овие случувања, еден од лекарите Нино Беќаровски денеска најави дека се повлекува од Клиниката за токсикологија.

Од 31 декември 2023 година на 18 вработени во токсикологија им истече договорот за вработување и сега работат без плата четири месеци, додека конечната одлука за овие вработени се очекува да ја донесе министерот за здравство. Од овој ресор велат дека нивното решение ќе биде донесено по изборите.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button