Министрите на СДСМ гласале да бидат домаќини на Лавров а Бихаќка го напаѓа Мицкоски за проруски ставови

Сите министри на СДСМ освен министерката за одбрана Славјанка Петровска која била воздржана, гласале владата на Ковачевски да биде домаќин на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров а Бихаќка го напаѓа Мицкоски за проруски ставови.

Мицкоски во интервју за Канал 5 на прашање за евентуална соработници така со Левица по изборите рече дека во политиката никогаш не треба да се каже никогаш.

Простата математика вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ не освои 61 пратеник тогаш со помош на Левица може да направи влада со што СДСМ ќе нема ни теоретски шанси да биде дел од идната влада.

Најверојатно поради стравот од оваа тешко изводлива комбинација, СДСМ од чии министри ниту еден не бил против доаѓањето на Лавров во започнаа кампања да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ како проруски елемент.

,, За кои вредности Мицкоски ќе преговара за коалициски брак со Левица?

За проруските вредности на Левица, или за анти-ЕУ и анти-НАТО ставовите?

Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да одговори”, пишува СДСМ во едно од своите четири соопштенија на истата тема во последниве 24 часа.

,,Дури Мицкоски вели дека ќе преговарал на маса за вредностите со проруската Левица”, порачува СДСМ во второто соопштение без од партијата да кажат да кажат зошто, според нивните критериуми, самите направиле проруски чекор и со гласање на сите свои министри му дозволиле на рускиот шеф на дипломатијата да дојде во Македонија.