Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: „Благодарност“ за сето она што го направивме за Скопје

Screenshot 2024 04 19 225151.png
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Српскиот петседател Александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Северна Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, оцени дека „тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“, јави дописникот на МИА од Белград. – Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Северна Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјави Вучиќ во гостувањето во Дневникот на ТВ Пинк. Тој додаде дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во Генералното собрание на ОН. -Знаеја дека Русите и Кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на Генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Pet Utrinski

Можете да прочитате

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите од Германците во Втората светска војна и од усташите во Јасеновац

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Мисијата на Србија во ОН апелира да се повлече текстот на резолуцијата за Сребреница