Блиц-криг на Баерн, за четири минути го сврте резултатот против Реал (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен на стартот од второто полувреме го направија тоа што не им успеа во првиот дел, ја затресоа мрежата на Андриј Лунин.

Прво во 53-тата минута, Лерој Сане по одлична соло акција влезе во шеснаесетникот на Реал и со одличен шут го совлада Лунин и израмни на 1:1 на „Алијанц арената“.

Само четири минути подоцна, Хари Кејн од белата точка, по прекршокот кој го направи Васкес врз Џамал Мусијала, беше сигурен реализатор за пресврт откако Реал го доби првото полувреме со 0:1 благодарение на голот на Винисиус жуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести