Рафаел Надал пред турнирот во Барселона ги разреши сите дилеми, оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера. Шпанецот минатата година најави дека 2024 година може да биде последна во неговата кариера, но потоа се предомисли. Тој рече дека можеби ќе може да продолжи да игра, но сега ги расчисти сите сомнежи.

  • Две тешки години се зад мене. Работите се случуваат во телото и не можев да го следам распоредот што го посакував. Кога не можеш, не можеш. Ова е мојата последна сезона и сакам да уживам во секој момент, изјави Надал пред почетокот на натпреварувањето во Барселона.

Рафаел Надал во текот на кариерата освои 22 Грен слем турнири, првиот во 2005 година, дури 14 на Ролан Гарос, додека има вкупно 92 титули. Но, да немаше бројни повредени, нема сомнеж дека бројките ќе беа повпечатливи. Поради повреда на колкот не успеа да се опорави, ја пропушти минатата сезона, се обиде да се врати на почетокот на оваа, но не играше ниту на Австралија опен, ниту во САД. Повредите во кариерата го оддалечија Надал неколку месеци од терените. Тие спречија кариерата на „Кралот на земјата“ да биде пофасцинантна отколку што е.

Инаку, фановите на Рафаел Надал можат да уживаат овие денови, бидејќи Шпанецот повторно се врати на терените. Тој се појави на турнирот во Барселона, со што прво најави дека ќе биде спремен и за Ролан Гарос, еден од неговите омилени турнири.

  • Среќен сум што сум тука, имам многу убави спомени од овој турнир. Доаѓањето овде беше решено во последен момент. Неделата беше позитивна на тренинг и веќе сум на теренот. Последниот тренинг помина добро, Чувството е позитивно, истакна Надал, кој го стартуваше турнирот против Италијанецот Флавио Коболи.

И додека Надал ја воодушеви публиката во Барселона, ќе недостасува неговиот наследник и сонародник Карлос Алкараз.

  • Тоа е негативна работа, пред се за него, бидејќи е повреден. Не би сакал да размислувам за полуфинале, сепак, додаде Надал.

По турнирот во Барселона следува Ролан Гарос кој стартува од 20 мај до 9 јуни оваа година. Тоа ќе биде врв на тениското лето и секако највозбудливиот период од годината за љубителите на тенисот, барем кога е земјена подлога во прашање.