Компанијата Google работи на функција која е толку едноставна, а во исто време корисна, што е чудо што се уште не е достапна за корисниците.

Корисниците наскоро ќе имаат начин да го гледаат бројот што ги повикал, директно од екранот за неодамнешни повици.

Корисник, на платформата X, со прекар AssembleDebug, објави дека се работи на ново копче „Lookup“, кое е во бета верзија за апликацијата Google Phone.

Наведеното копче, кога ќе се притисне, се појавува страница со Google Search и веќе внесениот број за вас.

Иако апликацијата Google Phone е стандардна алатка за телефоните Pixel, другите уреди со Android исто така можат да ја преземат.

Новото копче за пребарување ќе биде достапно заедно со другите опции, како што се Block и History, кои се прикажуваат кога ќе допрете на неодамнешен повик во апликацијата Phone.

На овој начин, корисникот може лесно да ги идентификува неодамнешните непознати повикувачи и да не мора да се мачи со несмасната copy / paste опција.

AssembleDebug откри уште некои нови функции кои доаѓаат. Меѓу нив е дека Google работи на додавање на преглед на е-пошта Gemini на Android верзијата на апликацијата Gmail.

Дополнително, апликацијата Android Gemini може да ја сумира е-поштата за вас доколку имате сметка на Google Workspace.