МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Покажав што значи да си претседател на сите граѓани

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на митингот во Кочани кажа дека со него како шеф на државата Македонија ќе оди и понатаму кон развиениот свет, и ќе биде дел од Европа за многу кратко време. Пендаровски истакна дека во претходниот мандат покажал што значи да се биде претседател за сите граѓани, без да прави какви било поделби. Тој воедно и одговори на Силјановска за обвинувањата дека не преземал мерки во борбата против криминалот, а истовремено имал многу фотографии со нарко-босови. Пендаровски ја повика противкандидатката да му ја провери имотната состојба ако има било какви сомнежи дека се дружел со криминалци.

„Знам некои од нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци уште од раните 1990-ти и ако сега има ветинг, не би го поминале. Значи луѓе кои несразмерно се обогатиле, од кршење на санкциите на, во тоа време од бивша Југославија, од раните 1990-ти, кога со фри шоповите на северната граница во еден ден се правеше промет од еден милион германски марки. Мојот имот е на показ, имам анкетен лист потпишано одамна“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button