Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ постигна клучна тројка преку Харден и испорача победнички крик во Лос Анџелес (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас беше далеку под своето ниво на првото гостување во Лос Анџелес и заслужено загуби од Клиперс, но рано утрово Маверикси ја поправија сликата и успеаја да ја израмнат плејоф серијата (1:1).

Во моментите на вистината, Лука Дончиќ ја презема одговорноста како лидер и испорача блескава партија за победа на неговиот тим, а клучна беше една негова тројка на 86 секунди пред крајот.

Словенецот погоди тешка тројка преку Џејмс Харден и го одведе Далас на плус девет, па уште тогаш стана јасно дека гостите од Тексас ќе израмнат на 1:1.

Дончиќ не го криеше воодушевувањето и навистина енергично ја прослави тројката која ја постигна, бидејќи тоа беше пресудно за триумфот од 93:96.

Маестро Лука го заврши мечот со 32 поени, 6 скокови и 9 асистенции, а двоцифрен учинок имаа и Кајри Ирвин со 23 поени, Пи Џеј Вашингтон со 18 и Дерик Џонс Џуниор со 10 поени. Кај поразените, Харден беше најдобар со 22 поени, а исто толку постигна и Пол Џорџ.

Следниот меч меѓу овие два тима е на 27-ми април, а домаќин ќе биде екипата на Далас.

На останатите два меча рано утрово, Индијана направи брејк и израмни против Милвоки на 1:1 (108:125), додека Минесота сега води 2:0 против Феникс (105:93).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни