27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански парадокс: Подобро е да се изнајмува отколку да се купува недвижен...

Германски парадокс: Подобро е да се изнајмува отколку да се купува недвижен имот, заштеда до 7.000 евра

Водечката германска консултантска компанија за недвижнини, Colliers, објави анализа која ги натера многу потенцијални купувачи на станови двапати да размислат за нивната одлука. Резултатите од анализата наведуваат дека оние кои изнајмуваат имот од околу 100 метри квадратни низ Германија ќе заштедат во просек по 4.300 евра годишно во споредба со оние кои купуваат ист имот.

Во големите градови разликата е уште поголема и изнесува околу 7.100 евра годишно, пишува магазинот „Феникс“.

Германскиот пазар на недвижности, особено градежниот сектор, во последно време е значително потресен. Од летото 2022 година, односот помеѓу профитабилноста на изнајмувањето и купувањето станови е целосно обратен. На крајот на 2021 година, дури и во 341 област (од 401 во Германија) беше економски попривлечно да се купи стан.

Тогаш купувањето беше поевтино за околу 1.400 евра годишно отколку живеењето во изнајмен стан од 100 квадрати. Во Берлин, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Келн, Минхен и Штутгарт разликата беше само околу 600 евра годишно.

Анализата на станбениот пазар покажува колку инвестициите во недвижности зависат од движењето на каматните стапки. Побогатите купувачи на станови или станбени згради сепак можат да профитираат. Причината: Во Германија моментално се градат толку малку станови што кириите неизбежно ќе продолжат да растат.

„Инвестициите во станови се уште се атрактивни бидејќи ќе имаат корист од долгорочното зголемување на киријата“, наведуваат германските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП