ЛШ, ПОЛУВРЕМЕ: Нерешено во Барселона, но и играч помалку за „каталонците“, Дортмунд до 2-0 против Атлетико

Барселона има 1-1 по првиот дел против ПСЖ, и резултат кој ја носи во полуфиналето, но има и играч помалку откако Роналд Араухо доби црвен картон.

Барса поведе со гол на Рафиња уште во 12. минута. Араухо доби црвен картон во 29. минута, а Дембеле во 40. минута успеа да израмни.

Во Дортмунд, пак, радост на домашните навивачи, откако Борусија има предност од 2-0, и има резултат кој ја води во полуфиналето. Борусија успеа да ги сврти работите во своја корист со головите на Бранд и на Матсен.

Се вчитува...