25.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

УНРВА: Забрана за испорака на храна на северот од Појасот Газа

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) објави дека Израел официјално ја забранил испораката на помош во храна во северниот дел на Појасот Газа.

„И покрај трагедијата што се одвиваше пред нашите очи, израелските власти ги информираа ОН дека повеќе нема да ги овластуваат конвоите со храна на УНРВА на северот“, напиша на X шефот на агенцијата на ОН, Филип Лазарини, додавајќи дека УНРВА останува главен спас за палестинските бегалци.

„Агенцијата не може да дистрибуира помош во овој сектор од 29 јануари“, рече портпаролката на УНРВА, Жилијет Тума.

Таа додаде дека е можно да се достави помош на југот на Појасот Газа.

Новата официјална забрана беше објавена вчера на состанокот на претставниците на УНРВА со израелските воени претставници.

Израел ја обвини УНРВА дека вработила повеќе од 450 терористи во Газа и тврди дека 12 од вработените во агенцијата биле директно вклучени во нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Спонзорирано: