Top Sport

УЕФА целосно ќе ја компјутеризира ждрепката за ЛШ

УЕФА е принудена речиси целосно да ја „компјутеризира“ ждрепката во Лигата на шампионите. Имено, од следната сезона најпресрижното светско клупско натпреварување ќе се игра во проширено издание со 36 клубови, во лига систам.

Секој тим ќе одигра по осум натпревари, четири дома и четири на гости. На ждрешката клубовите ќе бидат сместени во четири „шешири“, во секој ќе има по девет клуба.

Составите на „шеширите“ ќе бидат одредени според петгодишниот клупски коефициент на УЕФА. Секој клуб ќе игра против два клуба од секој „шешир“.

Најголемата промена во однос на ждрепката ќе се случи во самиот процес на извлекување. Имено, традиционалниот начин на влечење овде нема да биде опција бидејќи УЕФА проценува дека таквото извлекување би траело околу четири часа и за тоа би биле потребни околу 900 топчиња.

Клубовите нема да можат да играат против други клубови од нивните земји, освен ако не дојде до таква ситуација поради коефициентот во еден „шешир“ да има премногу клубови од иста земја и таа опција е неизбежна. Ова може да влијае само на земјите кои имаат четири или повеќе клубови во европските натпреварувања, односно првите пет лиги според коефициентот на УЕФА.

Исто така, беше потврдено дека во нокаут фазата ќе има две ждрепки. Првиот на крајот од лигашката фаза на крајот на јануари и вториот на крајот на февруари за одредување на осминафиналните двојки.

Scroll to Top