Србите воодушевени од Нено: Дали Димитријевиќ е идеалниот плејмејкер за Жељко и за Партизан

Ненад Димитријевиќ игра сезона за паметење во дресот на Уникс, за што македонскиот репрезентативец вчера апсолутно заслужено ја доби и МВП-наградата во ВТБ-лигата.

Настапите на Димитријевиќ будно се следат и надвор од Русија, а српските медиуми веќе наголемо го потенцираат токму нашиот интернационалец како идеално засилување за Партизан за наредната сезона. Добро познато е дека „црно-белите“ се во потрага по елитен плејмејкер, а во јавноста кај северниот сосед владее мислење дека токму Димитријевиќ би бил идеално решение за овој проблем на „црно-белите“.

„Сонува за дресот на Партизан, воедно е и МВП на една од најсилните европки лиги: Ненад повторно доминираше, дали е тој плејмејкерот за Жељко“, се вели во насловот од текстот на „Мондо“ посветен токму на македонскиот репрезентативец.

Во самиот текст се наведува дека самиот Димитријевиќ не крие дека е голем навивач на Партизан, поставувајќи го прашањето дали е дојдено времето за патиштата да се спојат.

Нема дилема дека одличните игри на Македонецот придонесоа неговата вредност значително да се зголеми, а по начинот на кој доминира во ВТБ преселба во Евролигата делува како логичен след на настаните за Димтиријевиќ. Останува да се види дали тоа ќе биде во Партизан или во некој друг евролигашки тим.

Се вчитува...