Најголемата добивка во историјата на земјата : Словенец доби 60 милиони евра на европска лотарија

571
На европската лотарија „Евроџекпот“ две лица од Словенија и од Германија добиле по 60 милиони евра погодувајќи нја добитната комбинација од седум бројки.
Ова е најголемата добивна на лотарија во историјата на Словенија, а од тие 60 милиони евра непознатиот среќник ќе добие 51, додека 9  милиони евра ќе ги плати за данок на општината во која живее, пренесува словенечкиот портал 24УР.
Претходно годинава, во јануари, на лотаријата „Евроџекпот“ е извлечена награда од 2,3 милиони евра со добитна комбијација од шест броеви.
Добитниците ќе можат да ја подигнат наградата до 22 јули годинава, пренесува Танјуг.