Како да не ви пукаат јајцата за време на готвењето: Докажани трикови на искусните домаќинки кои сигурно ќе успеат

Со некои едноставни трикови лушпата нема да пукне и ќе имате совршено сварени јајца . Најпрво важно е водата да не врие премногу силно и јајцата да имаат доволно простор да се „движат“ во тавата. На тој начин нема да се судрат и да се оштетат.

Некои дури полека ја промешуваат водата додека не зоврие, па ги оставаат јајцата да се варат неколку минути, па го исклучуваат огнот и ги оставаат во водата уште половина час. Освен температурата на водата и јајцата, сигурно сте го слушнале советот дека една лажичка оцет ќе спречи пукање на лушпата, а солта има иста моќ. Нема да штети ниту да ги ставите двете состојки во водата.

Иако денес се многу популарни белите јајца, на кои боите секогаш изгледаат поубаво, треба да знаете дека нивната лушпа е многу потенка, па може побрзо да пукаат при готвењето, пишува tportal.hr

Ако и покрај се, лушпата од јајцата на крајот пукне, не очајувајте: можете да ги користите, на пр. да подготвите салата .

Како да знаете дали јајцата се свежи?

Ако се сомневате во квалитетот на јајцата што сте ги купиле , ставете ги во вода и проверете дали ќе потонат бидејќи расипано јајце останува да лебди.

Можете да го земете јајцето во рака и да го држите до увото. Нежно протресете го и слушајте го звукот што доаѓа од внатре. Ако не слушате никакви звуци, јајцето треба да биде свежо и добро да се јаде. Ако јасно го слушате звукот на клокотот од јајцето, најверојатно е старо и подобро е да не го подготвувате за јадење.