|

Украинците објавија видео од Абрамс во акција

Украинците објавија снимка од американскиот тенк Абрамс кој пука на руските позиции кај Авдиивка, градот од кој украинските сили се повлекоа.

Видеото од Абрамс во акција беше објавено денеска од украинската 47 механизирана бригада, а беше пренесено од украинското Министерство за одбрана.

На видеото се гледа како Абрамс со голема брзина се спушта по калливиот пат во источна Украина и пука со гранати.

31 таков тенк и беа донирани на Украина.



Слични Објави