Музика на кирилица

Лозано пред камера мореше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска? (Видео)

Доколку нема нешто ново во неговата музичка кариера, поп – пејачот Влатко Лозаноски не гледа причина зошто би бил медиумски активен, особено не ако темата приватност е во прашање, барем така говори праксата низ годините наназад.

Но, овој пат случајот беше сосема спротивен, Влатко за брзо време изваде две нови песни „Маскенбал“ и најновата „Бариера“, така што неговото појавувње пред камери беше очекувано, на сопствена волја или на барање на медиумот – сеедно.

 

Лозано пред камерата на „Бекстејџ“ се разврза за новите песни, стилската промена за „Бариера“ која деновиве е доста коментирана на социјалните мрежи, но меѓудругото, новинарката не остави без да го потпраша нешто за што можеби тој и не очекување, односно беше ставен пред предизвик, од кој на изненадување беше така директен и со одговори без двоумење.

Дует со Антониа Гиговска или Тамара Тодевска?

„Тамара е долго време на сцена, феноменален вокал, искусна во својата работа, генерација сме, но сигурен сум дека тоа би бил одличен дует и cо Тамара и со Антониа“, кажа Влатко, но сепак и порача на Антониа дека нема лутење.

За ова, а и за уште неколку негови избори меѓу колегите погледнете од целосното интервју на „Бекстејџ“  во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: