Од 20 до 22 јуни по 24 пат Вардарска регата „Гемиџии“

22

Здружението Вардарска регата „Гемиџии“ од Велес и оваа година ја организира истоимената регата. Регатата ќе се одржи во периодот од 20 до 22 јуни 2024 година, а од 22 јуни ќе се продолжи за Солун. Таа ќе заврши на 25 јуни на Солунското пристаниште.

– Со тоа, после 121 година да се повтори делото на велешките Гемиџии трговци – велат организаторите.

Тие додаваат дека со организирањето на Вардарската регата „Гемиџии“ се врши возобновување на минатото и создавање на единствен бренд на градот Велес преку најсветлата револуционерна традиција – пловењето на Вардарската регата  – Гемиџии и оддавање на признание на сите оние кои ги положија своите животи за Република Македонија, за сите оние што не се штедеа и се арчеа за Македонија.

– Со реализацијата на пловидбата на Вардарската регата (Велес до Гевгелија) доага до развивање и промоција на Вардарскиот регион, преку која се создаваат и услови за промоција на транзитниот туризам и трговијата по течението на реката Вардар и поголема актуелизација и афирмирање на античкиот локалитет „Стоби“ – потенцираат организаторите.

Пријавувањето за регатата е до 31 мај.