Карлос Саинс се договорил со Мерцедес?!

Возачот на Ферари, Шпанецот Карлос Саинс, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Мерцедес. Според италијанските медиуми, 29-годишниот пилот веќе потпишал договор со Мерцедес.

Договорот со Мерцедес ќе му важи за сезоната 2025, со опција за продолжување до 2026 година. Ако оди во Мерцедес, Саинс ќе го замени Луис Хамилтон, кој доаѓа на местото на Шпанецот во Ферари. Сигурно место во Мерцедес за 2025 има Џорџ Расел.

До денеска се сметаше дека Андреа Кими Антонели, кој се натпреварува во Формула 2, е фаворит за место во Ф1 тимот на Мерцедес, но Тото Волф му понудил договор на Саинс, додека Антонели ќе има време една до две години да собере повеќе искуство пред да седне во болидот на Мерцедес.

Интерес за Саинс има и од Ауди, но овој тим ќе се вклучи во Формула 1 во 2026 година, што значи дека Шпанецот ќе треба да ја пропушти целата следна сезона ако ја избере оваа понуда.

- Оглас -

Најнови вести