Култура Топ вести

Јасмин Леви: Во себе носам голема тага, но без неа не би можела да создавам музика

Во Вашата музика дијалогизирааат различни култури, стилови колку уметноста низ вековите до денес ја има моќта да ги обедини нештата кои се само навидум неспоиви ?

Тоа е мое патување низ музиката, шпанските песни, сафардските песни, ладино песните, аргентинското танго. Кога јас пеам тоа не ве тера да танцувате и да бидете среќни, туку спротивното. Моите концерти се тешки, поаѓате на едно патување со мене, со драматичност и чувства. Јас сум една „луда жена“ и на сцена сум многу слободна. Сакам луѓето да ми дозволат да бидам слободна за нив. Да заборават на проблемите, и да ми дозволат да ги поведам во мојот романтичен свет полн со страст, со шпанската гитара. – изјави Леви.

Во едно интервју велите сите во животот минуваме низ периоди кои се мрачни, дека Ви е потребна тага за да создавате, поголемиот дел од Вашите песни ја воспеваат тагата.

Тагата е мојата среќа. Јас сум многу забавна личност, знам да се шегувам. Кога никој не обрнува внимание на едно цвеќе јас го свртувам вниманието кон тоа цвеќе, на една птица. Вниманието ми го привлекуваат мали нешта. Но во себе имам голема тага. Имаше периоди кога бев среќна и се обидував да создавам музика, но тоа беше без успех. Се обидував да пеам песни кои се среќни, но ништо не ме поврзуваше со нив. И повторно ги правев тажни на некој начин. Со години дури мислев и дека имам проблем, затоа што многумина мислат дека уметниците треба да ве направат среќни, да ве насмеат, да танцувате, но јас тоа не го правев. Долго време мислев дека имам проблем, се додека не сфатив дека некои луѓе може да ве допрат низ среќата, некои пак низ тагата. –  истакна Јасмин Леви .

Се восхитувате на Едит Пјаф и Били Холидеј, меѓутоа верувам дека не станува збор само за начинот на изведба, туку и сето она што тие го претставуваат како индивидуи во општеството  ?

Знаете Били Холидеј е еден вид божица за мене. Таа е дел од мојот живот. И еднаш со чаша вино ја слушав Били Холидеј и сите нејзини песни ги имаат во себе „човекот што ме напушти“, „ти повеќе не ме сакаш“, „остави јас да те сакам“ и одеднаш сфатив дека пее за една многу слаба жена. Таа го имаше најубавиот глас во светот , но одеднаш јас сфатив дека таа пее како слаба жена.И сфатив, тогаш имав 45 години и си реков Били те молам ние не  сме слаби, ние сме силни жени. – истакна Леви.

Нина Стефанова

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании до крајот на денот да ги вратат старите пониски цени на полисите за возилата

Дејан Дејан

Стомачни вируси и горнореспираторни инфекции – во ординациите „врие“ од заразени пациенти

Дејан Дејан

Утре на полноќ истекува рокот за пријавување на болни и изнемоштени лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе