ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори закажани на 8 мај.

Во ИЕ 1 носител на листата ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска.
Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека на пратеничките листи нема да има претставници од новоприклучените коалициски партнери.
Најави дека ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го потпише договорот со коалициските партнери со кои ќе настапат на претстојните избори. Тој информира дека со Алијансата на Албанците воопшто не разговарале за да бидат дел од нивната коалиција.
Муцунски нагласи дека ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водело сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби.
-Ова се луѓе со кредибилитет. Искусни и енергични. Луѓе кои и требаат на Македонија, луѓе кои ќе се борат за решенија, за решавање на проблемите. Имаме тешка задача пред нас да ја кренеме Македонија и да ја вратиме надежта. Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката. Само заедно ќе успееме, рече Муцунски.
Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори.
ИЕ 11. Христијан Мицкоски2. Гордана Кочовска Димитриевска3. Коалиција4. Синиша Стојановски5. Бети Стаменковска6. Тони Јаревски7. Иван Живковски8. Љупчо Пренџов9. Марија Митева10. Иванка Василевска11. Коалиција12. Велика Стојкова Серафимовска13. Сергеј Попов14. Јане Мицески15. Бисера Златеска16. Катерина Димитровска17. Игор Никовски18. Мартин Стојановски19. Александра Николовска20. Тодор Коневски
ИЕ 21. Владо Мисајловски2. Жаклина Пешевска3. Коалиција4. Бобан Николовски5. Бојан Стојановски6. Каролина Насковска7. Зоран Коцевски8. Бране Петрушевски9. Дијана Илиевска10. Емилија Ангелова11. Коалиција12. Ерџан Демири13. Весна Додевска14. Зоран Бајовски15. Ивица Димковски16. Дени Милевски17. Габи Калкова18. Никола Стојковски19. Мартина Ристовска20. Валентина Петровска
ИЕ 31. Драган Ковачки2. Никола Мицевски3. Рашела Мизрахи4. Игор Здравковски5. Коалиција6. Благица Ласовска7. Миле Лефков8. Даниела Христова9. Марија Петрушевска10. Душко Иванов11. Александар Јамалов12. Драгана Бојковска13. Емил Спасовски14. Драгана Арсова15. Столе Кракутовски16. Љупчо Спиров17. Гордана Барбашка18. Јорданчо Костадинов19. Мартин Ефремовски20. Анкица Анакиева
ИЕ 41. Александар Николоски2. Антонијо Милошоски3. Ели Панова4. Дејан Проданоски5. Зоран Јованчев6. Ангелинка Петкова7. Петар Ристески8. Златко Пенков9. Моника Ристеска10. Јулија Тушева11. Жан Дрвошанов12. Петар Марков13. Билјана Кузмановска14. Весна Ѓорѓиева15. Мито Андонов16. Јадранка Поцкова17. Наталија Димитриева18. Гоце Дединец19. Сашо Граороски20. Никола Златески
ИЕ51. Ѓорѓија Сајкоски2.Олга Лозановска3.Сашо Донев4. Пеце Милевски5. Јован Јаулески6. Лидија Петковска7. Мевмед Џафери8.Кире Божиновски9. Силвана Ангелевска10. Грација Бакрачевска11. Лазе Јакимовски12. Ѓорѓи Влајкиновски13. Благица Крстеска14. Никола Дранговски15. Леон Мерсовски16. Менче Марковска Андреева17. Билјана Стефановска18. Жанета Петреска19. Мартин Иваноски20. Ѓорѓи Шопоски
ИЕ 61. Дафина Стојаноска2. Александар Велјановски3. Валентина Марчевска4. Коалиција5. Верица Апостоловска6. Ванчо Милевски7. Алишериф Синани8. Анета Ќироска9. Анита Бошкоска Јованоска10. Мишо Маринковски11. Бране Стојчевски12. Верица Тофиловска13. Ивана Савеска14. Даниела Апостоловска15. Деан Трпески16. Марина Петровска17. Горан Зафировски18. Тања Сибиновска19. Лилјана Спиревска20. Александра Спироска.

Извор