• среда, 15 мај 2024

Европратеничката Клер Дејли со поддршка за кандидатурата на професорката Ванковска

Европратеничката Клер Дејли со поддршка за кандидатурата на професорката Ванковска

Скопје, 7 април 2024

Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и поддршка за кандидатурата на професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица!

„Ирска е неутрална земја на периферијата на Европа, на некој начин слична на Македонија. Иднината за нас е можна само преку мирни односи со соседите и е исклучително важно за нас да мали земји кои имаат “традиција на неврзаност“ настапат на европската сцена со глас на мир, глас на дипломатија и добри односи со сите соседи!“ - изјави Клер Дејли.

По тврдењето дека фокусот на Европа е веќе изместен од заложбите за доброто на граѓаните и сега ја застапува олигархијата, европратеничката го заврши својот говор со зборовите „Ги праќам најтоплите поздрави до Билјана, се надевам дека исходот на изборите ќе е таков што Македонците ќе се гордеат со изборот. Ти го посакувам најдоброто во претседателската кампања и ви порачувам на сите вас да излезете и да ја поддржите професорката Ванковска!“

Популарната независна левичарка Клер Дејли и нејзиниот колега Мик Валас лани во декември инаку беа гости на пленумот на Левица во Скопје, каде европратеничката оддржа вирален говор од кој одекна: „Ужасно е тоа што од Македонија побараа да го смени името и да си ја негира историјата“

проф. др. Билјана Ванковска

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

Остани поврзан