Минималната кошничка прв пат ја надмина границата од 60 илјади денари

244

Речиси 3 минимални плати или една просечна и една минимална му се потребни на едно четиричлено семејство за врзе крај со крај во месецот. Трошоците за живот во април порасна за 1.200 денари и сега изнесуваат 60.212 денари. Во уште потешка состојба се семејствата кои плаќаат ќирија во просек за стан од 60 квадрати. Ним да го истуркаат месецот им се потребни над 75 илјади денари.

– За жал работниците во Македонија од месец јануари до месец април се посиромашни месечно за некаде околу 3000 денари или за 50е. Психиолошката бариера од 60.000 денари, новата пресметка на синдикалната минимална кошничка сигурно ја поминува и тоа треба да биде црвен картон за сите оние кои се сомневаа во пресметката на синдикалната минимална кошничка и укажуваа дека работниците во Македонија можат да преживеат со далеку помалку.- Слободан Трендафилов – претседател на ССМ

Од пекарската индустрија велат дека иако во моментов цената на лебот е стабилна, таа би можела да претрпи измени во зависност од тоа како би се развивала состојбата со воените конфликти на Блискиот исток и во Украина.

– Војната што се случува во близина и Блискоисточната војна која што директно се рефлектира на цената на нафтата. Исто така не знаеме во Русија и Украина каква ќе биде жетвата, што ќе се случува со производството на жито, повеќе параметри се кои влијаат на финалната цена и сметаме дека во овој момент ќе имаме стабилна цена на лебот.

Токму поради незадоволството од ниските плати и зголемените трошоци за живот ССМ организира Работнички протест на 1ви мај, кој ќе започне од 11 часот пред Работничкиот дом и ќе заврши пред Владата. Трендафилов посочува дека барањата кои ќе бидат упатени од протестот ќе бидат враќање на надоместокот за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра.