Луѓето со овие професии треба да се плашат од вештачката интелигенција – најверојатно ќе бидат заменети!

1694

Вештачката интелигенција ќе збрише многу работни места, што значи милиони ќе ги загубат своите сегашни работни места поради развојот на оваа технологија. Од друга страна, вештачката интелигенција ќе ни помогне да бидеме попродуктивни и поефикасни, па се очекува токму поради неа и да се отворат многу нови работни места.

Секако, вештачката интелигенција нема да влијае подеднакво на сите професии. Некои ќе бидат повеќе, а други помалку загрозени од другите.

Како што објасни шефот на индискиот ИТ гигант Tata Consultancy Services (TCS), К. Критивасан, во неодамна објавеното интервју, оваа технологија може речиси целосно да ја елиминира потребата од вработени во кол-центрите. Иако луѓето сè уште се доминантни во повеќето такви центри за услуги на клиентите, сè почесто се користат алатки кои користат вештачка интелигенција, пишува Tech Spot, пренесува Zimo.

Тој тврди дека најлошото нешто за вработените во кол-центрите ќе биде кога големите мултинационални компании масовно ќе прифатат и имплементираат генеративни алатки за вештачка интелигенција (ова веќе започна), што ќе загрози милиони работни места. Според податоците на Гартнер од 2022 година, во оваа индустрија во светот се вработени околу 17 милиони луѓе.

Начинот на кој вештачката интелигенција може да влијае на оваа индустрија е доста интересен. Имено, тој смета дека во иднина најверојатно ќе има минимален број кол-центри за корисничка поддршка и дека речиси никогаш нема да примаат повици.

Имено, Критивасан смета дека сме блиску до фаза кога технологијата би можела однапред да предвиди дојдовен повик и да дејствува проактивно за да го реши проблемот на корисникот. Според овој експерт, тоа би можело да се случи многу брзо – веќе за една година или нешто подоцна.

Сепак, тој смета дека придобивките од вештачката интелигенција денес се преценети и смета дека тоа нема да доведе до масовно намалување на вработеноста ширум светот бидејќи сепак ќе има голема побарувачка за ИТ таленти, па секогаш ќе има работа.

Вработените во некои индустрии, како оние во кол-центрите, се чини дека нема да имаат толку среќа, како што веќе можеме да видиме во некои примери.

Имено, за тоа дека вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето во кол-центрите претходно предупреди извршниот директор на една индиска компанија кој отпушти дури 90 отсто од тимот вработен во одделот за корисничка поддршка, што не само ги намали трошоците, туку и го намали времето потребно за решавање на проблемите на клиентите.