Сите штипски училишта во кои утре ќе се гласа се подготвени за избирачкиот процес

Училиштата се спремни за утрешното гласање, речиси во сите штипски училишта утре ќе се гласа. Снежана Санева од секторот за образование при Општина Штип вели дека сите директори си ги превземале своите мерки за подготвување и обезбедуваање на простории во кои непречено ќе се гласа. Инаку, просториите во училиштата во кои ќе се гласа, беа осободени после 11 часот, со што гласачките места можат комплетно да се уредат.

„Во Општина Штип речиси во сите училишта ќе се гласа, во сите училишта се сместени гласачки места и ќе се одвива процесот на гласање. Подготовките веќе се завршени, сите директори си ги презедоа мерките кои се потребни за да се обезбеди простории во кои непречено ќе се гласа. Просоториите ќе бидат осолободени денес после 11 часот, така што избирачкиот одбори ќе можат да пристапат до избирачките места и да ги уредат комплетно со целата документација, односно материјалот кој ќе го подигнат од ОИК, утре во садум часот ќе започне процесот за гласање. “ – изјави Санева

Инаку, гласањето започнува утре во седум часот. Во училиштата има голем број на гласачи, па затоа во некои училишта ќе има по седум гласачки места. Велат дека просториите се дововлни и дозволуваат да се обезбедат оптимални услови за да се овозможи процесот на гласање.

„Во училиштата има доста голем број на гласачки места, во некои места има и по седум гласачки места, меѓутоа просториите се доволни и дозволуваат и ќе се обезбедат оптимални услови кои ќе го овозможат процесот на гласање.“- додава Санева

Утре гласањето ќе се одвива во сите основни училишта освен во средното медицинско училиште и штипската текстилна. Инаку, исклучок претставува државното музичко училиште во кое ќе има две гласачки места.

Лаура Стојанова М-Нет