(ВИДЕО) НБА со спектакуларни видео иновации за Ол-стар викендот во Индијанаполис

НБА лигата го претстави најсовремениот ЛЕД терен за Ол-стар настаните што ќе се одржат на 16 и 17 февруари во мултифункционалниот стадион „Лукас оил“ во Индијанаполис.

-Спортската подлога со високи перформанси е дизајнирана да го збогати искуството на навивачите во арената и за време на преносите преку нејзините интерактивни дисплеи, се вели во соопштението на НБА.

За време на секој настан, визуелните ефекти прикажани на теренот ќе вклучуваат менување дизајни и бои, повторувања и други видео содржини, статистика на играта во реално време…

Ќе има и анимации за следење играчи базирани на локација, интерактивни игри за навивачите за време на паузите и 3Д анимации кои ќе ги прикажуваат клучните моменти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО