Забава Избор

Никола Зацески ја објави новата песна „Не Признавај“

Охрид, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Никола Зацески ја објави новата песна „Не Признавај“, која е дел од албумот „Срцето мое тука чука“.

Песната е дело на младиот и талентиран автор Бојан Димитровски, кој се потпишува зад музиката, текстот и аранжманот.

– Ова е наша прва официјална соработка, и верувам не последна, бидејќи станува збор за еден голем талент и креативец во својата работа. Уживајте во ова музичко дело кое произлезе од наши претпознатливи и преубави македонски звуци, порача Никола.

Мастеринг и снимањето се дело на Ангел Ќосев, а зад видео записот се потпишува Никола Митревски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука