Никола Роквиќ продолжува низ Македонија со својата хумана мисија

773

Познатиот српски пејач, омилен и кај нас во Македонија, Никола Роквиќ, кој уште на 22 април пеш тргна на пат долг повеќе од 1.060 км, од Белград до Егина во Грција, сега се огласи и од светото место.

– Како што некогаш пееше татко ми Маринко „Поминав низ градовите на Босна“, така јас поминав и низ саканите градови во Србија и Македонија. Продолжувам низ прекрасната Грција!

Ви благодарам на сите за поддршката, позитивните мисли и молитвите. Сето тоа многу ми значи! Одам понатаму, а овој пат за децата и нивната радост. Господ да ве благослови, емотивно раскажа Никола, кој позираше бос, во шорцеви и бела маица.

Да се потсетиме дека Роквиќ неодамна, со сопругата Бојана ја основал фондацијата „Породица“. Таа фондација е за секој што сака и може да помогне. Да донира пари за реновирање на одделот за Детската онкологија, како и за медицински апарати кои  навремено ќе го дијагностицираат ракот на мозокот.   Д.М.