Подгответе две рала нерви за утрешниот понеделник. Скопје ќе биде во дополнителен сообраќаен хаос. Додека приватните автобуси на „Слобода превоз“ најауваат дека од 7 часот наутро ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“, Плусинфо дознава дека неизвесно е и дека градските автобуси на ЈСП ќе излезат на улица. Нивната мака е поинаква – немаат нафта за двокатните автобуси.

Од петокот од 17 часот нема нафта во гаражите во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Денеска 3-4 автобуси на ЈСП останаа на улиците без нафта, велат шофери за Плусинфо, кои додаваат дека во возна состојба се само автобусите МАН, кои возат на гас.

Од ЈСП Скопје велат дека имаат доволно гориво за автобусите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.