Магазин

Хари и Меган во посета на Нигерија на покана на армијата со цел да ги рехабилитираат војниците

Меган и Хари планираат да се преселат подалеку од папараците

Британскиот принц Хари и Меган Маркл денеска пристигнаа во Нигерија како дел од промоцијата на „Непобедливите игри“, кои тој ги основа за рехабилитација на ранети и болни војници и ветерани.

Хари и Меган првпат престојуваат во Нигерија, а во оваа африканска земја дојдоа на покана на армијата, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Тукур Гусо.

Нигериската војска ги промовира „Непобедливите игри“ за да им помогне на илјадници војници кои се борат против исламистичката група Боко Харам од 2009 година.

„Програмата за закрепнување им даде можност на војниците да ја подобрат својата самодоверба, да го подобрат своето ментално здравје и емоционалната интелигенција“, рече Абидеми Маркиз, директор за спорт во штабот за одбрана на Нигерија.

Тој додаде дека 80 отсто од војниците кои учествувале во иницијативата на Хари покажале подобрување и дека овие ветерани сега имаат позитивен поглед на животот. Војводата и војвотката од Сасекс ќе се сретнат со ранетите војници и нивните семејства за да го зајакнат моралот и да придонесат за нивната благосостојба, соопштија нигериските власти.

Тие ќе присуствуваат на натпревари во кошарка и одбојка и ќе се сретнат со локални невладини организации во Абуџа и Лагос. Меган исто така ќе биде домаќин на настан за жените во лидерство со Нгози Оконџо-Ивелала, генерален директор на Светската трговска организација, изјави нивниот портпарол Чарли Гипсон.

На почеток