На 04.05.2024 година околу 00.30 часот, пред угостителски објект на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка, информираат од СВР Охрид.

Во пресметката учествувале 19 годишно лице од селото Ботун, Општина Дебрца, 20 годишно лице од Пробиштип и 19 годишно лице од селото Требеништа, Општина Дебрца. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews