ФРАНЦИЈА ЌЕ ЈА ТУЖИ УЧЕНИЧКАТА КОЈА ЛАЖНО ГО ОБВИНИ ДИРЕКТОРОТ НА НЕЈЗИНОТО УЧИЛИШТЕ ДЕКА ЈА УДРИЛ ПРИ РАСПРАВИЈА ЗА НОСЕЊЕ ХИЏАБ

    ФРАНЦИЈА ЌЕ ЈА ТУЖИ УЧЕНИЧКАТА КОЈА ЛАЖНО ГО ОБВИНИ ДИРЕКТОРОТ НА НЕЈЗИНОТО УЧИЛИШТЕ ДЕКА ЈА УДРИЛ ПРИ РАСПРАВИЈА ЗА НОСЕЊЕ ХИЏАБДиректорот на училиштето „Морис Равел“ во Париз се соочил со смртни закани на социјалните мрежи (Фото: Гети)

    Францускиот премиер Габриел Атал изјави дека државата ќе ја тужи ученичката која лажно го обвини директорот на нејзиното училиште дека ја удрил додека се расправале околу носењето на муслиманската шамија хиџаб.

    Директорот инсистирал таа да ја тргне шамијата при влегувањето во училиштето, како што налага францускиот закон. Тој во меѓувреме поднесе оставка по заканите на социјалните мрежи.

    Франција сериозно ги сфаќа исламистичките закани кон училиштата откако беа убиени наставниците Самуел Пати во 2020 и Доминик Бернар пред пет месеци.

    Одлучив да се повлечам од функцијата поради грижите за мојата безбедност и безбедноста на училиштето“, напиша тој во писмото до училиштето „Морис Равел“ во Париз.

    Во инцидентот кој се случил на 28 февруари, директорот им рекол на три ученички дека треба да го почитуваат законот и да ги тргнат покривала за глава. Две се согласиле, но третата одбила и почнала расправија. Во следните денови директорот се соочил со смртни закани на социјалните мрежи, за што било известено министерството за внатрешни работи. Обвинителството кажа дека две лица кои немале врска со училиштето се уапсени поради заканите.

    Полицијата не пронашла докази дека директорот ја удрил ученичката, па премиерот Атал најави дека против неа ќе биде поднесена тужба за давање лажна изјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира