ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, што значи утре ќе биде најтоплиот ден од овој топол Африкански бран.


Веќе во вторник попладне и навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, поради спуштање на силен ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија ќе дојде до создавање на локални, но силни грмотевични облаци.

Токму ова ќе услови врнежи од дожд, на повеќе места ќе има обилни врнежи и проследени со грмежи како и со силен јужен ветер (над 70 км/час). Локално овие просеци ќе бидат застапени во форма на поизразено невреме, проследено со силни електрични празнења, олуен ветер, обилен пороен дожд (над 30 л.м2), и силен град, особено во централните и во источната половина од државава.


Услови за локално невреме ќе има и во Скопскиот регион.

Потоа од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има и повремени врнежи од снег.


НАПОМЕНА: Во периодот од вторник доцна попладне , навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …