Анчелоти: Ретко кој од вас тука веруваше дека ќе ја држам пресконференцијата

Баерн Минхен и Реал Мадрид утре од 21 часот на „Алијанц Арена“ ќе си ги одмерат силите во првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампионите. На патот до најдобрите четири „кралскиот тим“ славеше над фаворизираниот Манчестер Сити кој ја имаше улогата на бранител на трофејот и тоа по изведување на пенали.

Пресконференцијата за медиумите тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја започна на интересен начин обраќајќи им се на новинарите.

„Ретко кој од вас тука веруваше дека ќе ја одржам оваа пресконференција, но успеавме“, рече Анчелоти кој потоа продолжи да говори за престојниот предизвик осврнувајќи се и на победата од 4-0 на истиот терен пред 10 години.

„Минатото ни останува како убаво сеќавање, но утре ќе биде друга приказна. Ќе биде тоа првиот полуфинален натпревар. Самоуверени сме, но играме против силен противник. Првенствено среќни сме што сме тука, а се надеваме дека повторно ќе играме финале. Не чекаат 180 минути фудбал, а не 90.

Полни сме самодоверба, но имаме и почит кон Баерн. Немаат сјајна сезона во Бундеслигата, но одиграа спектакуларен двомеч со Арсенал. Силна екипа се во Европа. Мораме да ја земеме во предвид и историјата на овие клубови во Лигата на Шампиони, тоа исто така има големо значење“

Се вчитува...