Палестинскиот премиер поднесе оставка

Палестинскиот премиер Мохамед Штаје денеска изјави дека поднел оставка и својата одлука му ја пренел на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Штаје рече дека поднел оставка за да изгради поширок консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Ројтерс наведува дека овој потег доаѓа во време на зголемен притисок на САД врз претседателот Абас да ја реорганизира палестинската самоуправа во време кога се интензивираат меѓународните напори за прекин на борбите во Појасот Газа и започнување на работа на создавање политичка структура за управување со енклавата по војната.

Back to top button
Close