Поврзете се со нас

Свет

Меси доминира во МЛС: Два гола и асистенција за нова победа на Интер Мајами (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси испорача уште едно фудбалско шоу на гостувањата на Интер Мајами во МЛС, овојпат постигнувајќи два гола и реализирајќи асистенција за Луис Суарез пред рекорден број гледачи на стадионот на Њу Ингланд во Масачусетс.

Домаќините собраа над 65.000 гледачи и го соборија сопствениот рекорд за гостувањето на Меси и Интер Мајами, а натпреварот започна одлично за Револушн, бидејќи домаќините поведоа уште во 1. минута.

Сепак, Интер Мајами не дозволи изненадување, а Меси како врвен стрелец реализираше два пати во 32 и 68. минута за целосен пресврт.

Кремаски зголемил на 1:3, а во завршницата Суарез постигна убав погодок на асистенција на Меси за конечни 1:4. Со овој епилог, Интер Мајами останува на врвот во МЛС со 21 бод по 11 натпревари, а Меси е лидер кај стрелците со 9 гола на 7 одиграни средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни