Шпанскиот интернационалец Хесе Родригес дел од својата кариера мина во Реал Мадрид и во ПСЖ, а во моментов е дел од Јохор од Малезија. Триесет и едногодишниот фудбалер во гостување на една емисија зборуваше за периодот во Мадрид и во Париз, а најголемо внимание привлече со коментарот за Насер Ал-Келаифи.
„Во ПСЖ имав добар договор и ме плаќаа многу. Се сеќавам кога првпат видов милион на сметката. Си реков: Добиваш олку пари за да даваш голови? Лошо се однесуваа со мене, тоа ми помогна да сфатам дека Реал е најголемиот клуб во светот. Дебитирав за ПСЖ со асистенција за победа, а потоа два месеца бев надвор од терените поради здравствени проблеми. Кога дојде зимата, ми рекоа дека мора да си заминам. Претседателот не сакаше да ме види. Не знам дали мојата сопруга му се допаѓаше повеќе од мене. Не ми дадоа објаснување“, вели Хесе.
Сопруга на Хесе Родригес му е 35-годишната шпанската инфлуесерка Аура Дијас.