Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година и оттогаш се појавија разни приказни за него од неговите играчки денови. Многу анегдоти, интересни факти и слично. Една таква приказна е дека сакал да го напушти Лос Анџелес Лејкерс, клубот во кој ја помина целата своја играчка кариера. Најпознатиот кошаркарски новинар, Адријан Војнаровски, гостуваше во подкаст и раскажа интересна приказна. Од него беше побарано да открие некој голем трејд што требал да се случи.

  • Коби во Детроит. Тоа беше близу до реализација. Постоеше договор, Тејшон Принс, Ричард „Рип“ Хамилтон и многу пикови. Двата тима се договорија, започна Војнаровски.

На крајот, заминувањето не се случи.

  • Тој отиде во куќата на Џери Бас (поранешен сопственик на Лејкерс), беше во периодот кога сакаше да оди. Џери го врати назад. Двата тима се договорија. Лејкерси секако не сакаа да го направат тоа. Потоа, Коби се повлече и рече дека не сака да оди кај нив. Замислете го Коби во Пистонси, Чикаго или Далас. Се договараше со многу клубови, сакаше да си замине. Веројатно е среќен што не отиде, заклучи Војнаровски.