Олимпијакос со хет-трик на Ел Каби ја расплака Астон Вила во Бирмингем, Фиорентина во 91. минута го победи Бриж (ВИДЕО)

Олимпијакос е веќе кон финалето во Конференциската лига на УЕФА откако славеше убедливо со 2-4 на гостувањето против Астон Вила во Бирмингем.

Феноменална партија на Мароканецот Ел Каби кој запиша хет-трик за грчкиот тим. Олимпијакос имаше водство и од 1-4 на мечот, но домашните со голот на Даглас Луис во 84. минута успеаја да дојдат барем до некој резултат кој нуди каква-таква надеж.

Во втората полуфинална пресметка, Фиорентина со гол во 91. минута на Нзола дојде до победа од 3-2 против белгиски Бриж.

Претходно, тимот од Фиренца имаше водство и од 2-1 со головите на Сотил и Белоти, но Бриж преку Тиаго успеа да израмни на (2-2) во 63. минута.

Се вчитува...