Поврзете се со нас

Свет

Вилјаш-Боаш стана претседател на Порто и еуфорично го прослави успехот со фановите (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCPorto

Поранешниот тренер на Порто, Андре Вилјаш-Боаш се враќа во португалскиот великан, но сега како нов претседател на клубот.

Човекот кој освојуваше трофеи со „сино-белите“ остварил убедлива победа на претседателските избори, собирајќи над 80 проценти од гласовите, оставајќи го далеку зад себе досегашниот предводник Пинто да Кошта.

Пинто да Кошта го водеше Порто цели 42 години, а и покрај многуте скандали, ќе биде запаметен како претседател во чиј период клубот стигнал до големи успеси, вклучувајќи ги и двата трофеи во Лигата на шампионите (КЕШ), односно Лига Европа (Куп на УЕФА).

46-годишниот Вилјаш-Боаш доцна синоќа ја прославил победата пред илјадници фанови на Порто и тоа во нивни стил, облечен во дресот на португалскиот состав и скандирајќи го името на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни