Чалханоглу: Поздрав до навивачите на Милан, ова скудето е мојата одмазда…

Хакан Чалханохглу не го криеше задоволството од освоеното шампионско скудето со Интер, прв ваков трофеј за турскиот репрезентативец во италијанскиот клупски фудбал.

Тој во 2021 година го напушти Милан и како слободен играч се пресели во Интер, за веќе во наредната сезона „росонерите“ да станат шампиони, а навивачите на овој тим со жестоки пораки и навреди да го „поздрават“ Чалханоглу. Тој чекаше две години, но дочека одмазда, и тоа на стадионот „Сан Сиро“, каде Интер со триумф на градското дерби против Милан стигна до титулата.

„Ова е одмазда за сето она што го трпев првата година кога дојдов во Интер, кога ја загубивме трката за скудетото. Не можам да заборавам што се ми беше направено на мене и на моето семејство од навивачите на Милан, но во срцето бев убеден дека се ќе заврши добро. Мојата одмазда пристигне, освојувањето на шампионското скудето на градско дерби е најголемото задоволство што може да постои. Како се да било планирано, Бог знае дека јас не го заслужив она што тие ми го направија. Секогаш работев и молчев, давав се од себе за сите клубови за кои играв“, изјави Чалханоглу за весникот „Ил Џорнале“.

Се вчитува...