Драма на аеродромот Ханеда | Авион со околу 400 луѓе се запали на пистата, леталото се подели на половина | Видео

235

Авион со околу 400 луѓе се запали на пистата на аеродромот во Токио. Се чини дека пожарот избувнал откако авион на крајбрежната стража се судрил со патнички авион.

Авион на Japan Airlines се запали на пистата на аеродромот Ханеда во Токио. На социјалните мрежи е објавено и видео од запалениот авион.

Во моментот на пожарот во авионот имало 367 патници, и сите биле успешно евакуирани, јави јапонската јавна телевизија NHK. Покрај тоа, сите членови на екипажот успеале да побегнат од авионот.

На снимката од аеродромот се гледа дека авионот целосно изгорел и во еден момент се поделил на половина.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека еден од нејзините авиони се судрил со патничкиот авион кој слетал на аеродромот, објави Sky News.

Во авионот на крајбрежната стража имало шест лица. Капетанот на авионот успеал да побегне, а петмина припадници на крајбрежната стража се сметаат за исчезнати.