Поради неумесни коментари и навреди на Милеј: Колумбија ќе протера аргентински дипломати

43
Во интервју за Си-Ен-Ен, Милеј го нарече својт колукбиски колега „терористички убиец“. Исто така, тој го нарече мексиканскиот претседател „незнајко“. Хавиер Милеј е познат по својот живописен и недипломатски јазик пренесе Би-Би-Си.
Милеј минатата година ја шокира тамошната јавност кога го нападна папата Франциск кој по потекло е од Аргентина, нарекувајќи го „имбецил кој ја брани социјалната правда“. Иако се чини дека папата му прости на Милеј, други латиноамерикански лидери не се склони да му ги простат испадите.
Целото спорно интервју со него треба да биде емитувано во недела, но некои него делови веќе се објавени.
Во еден клип Милеј сугерира дека Колумбија под левичарскиот претседател Густав Петро може да пропадне и да стане како Венецуела или Куба.
„Не можете да очекувате многу од некој кој бил терористички убиец, нели“, праша аргентинскиот претседател мислејќи на времето  кога колумбискиот претседател беше бунтовнички борец.

Петро беше претседател на вооружената герилска група М-19 во текот на 80-тите години до 20 век.

Тој никогаш не криеше дека бил член на таа група која е демобилизирана пред повеќе од 30 години.

Коментарите на претседателот Милеј наидоа на огорченост во Колумбија, министерството за надворешни работи соопшти дека ќе протера одреден број аргентински дипломати, без да го прецизира точниот број.

Во Мексико, обајцата кандидати кои се борат да го заменат претседателот Андред Мануле Лоепз Обрадор на изборите во јуни, исто така застанаа во одбрана на Пертро.

Тие бараа аргентинскиот претседател да се однесува кон Лопес Обрадор со почит откако Милеј во интервјуто за Си-Ен-Ен изјави дека е поласкан што мексиканскиот претседател кој е „незнајко“ зборувал лошо.