Премиерот на Македонија бакна знаме на УЧК: Во Албанија го славеше човекот кој се бореше против македонската армија во 2001-ва година

Премиерот на Македонија бакна знаме на УЧК: Во Албанија го славеше човекот кој се бореше против македонската армија во 2001-ва година

Првиот Албанец премиер на Македонија, Талат Џафери бакнувајќи знаме на УЧК, која се бореше против македонската армија го славеше Тахир Синани, борец за Обединета Албанија, односно обединување на сите албански територии, во кои ја сметаат и Македонија. Синани бил и командант на 116-тата бригада „Џемо Хаса- Гостивари“ во УЧК во воениот конфликт во 2001-ва година

Иако, премиер на Македонија, Џафери не отиде да се поклони пред гробот на најголемиот македонски револуцинер Гоце Делчев на четври мај, но само ден подоцна отиде во Тропоја, Албанија, каде беше организирана манифестација во чест на Тахир Синани. За овој настан поранешниот командант Форина се пофали на социјалните мрежи.

-Со гордост учествував во поставувањето на статуата во чест на херојот на нацијата командант Тахир Синани во Тропоја, градот на големиот Бајрам Цури. Хероите на нацијата никогаш не треба да се заборават, нивната жртва треба да биде патоказ за новите поколенија да го сакаат и да штитат наследството со најголема посветеност, напиша Џафери.

Ова не е прв пат Талат Џафери и ДУИ да ја покажуваат својата голема љубов кон друга дражва и УЧК, воена организација од која и се формираше партијата на Али Ахмети. Лидерот на интегративците дури и од центарот на Скопје, од плоштадот Македонија заедно партиското членство скандираше во чест на оние кои се бореа против македонските војници.

-УЧК, УЧК, УЧК, извикуваше Ахмети

Пред половина година Ахмети присуствуваше и на отворање музеј во чест на УЧК во селото Сопот, каде што и се поклони пред картата на Голема Албанија, која подоцна беше отстранета по жестоките реакции во јавноста.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )