Утре посебен сообраќаен режим поради најавената блокада на приватните превозници

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.“Гоце Делчев“ и бул.“Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Како што беше претходно објавено, приватните превозници од „Слобода превоз“ со 30 автобуси и 300 лица планираат да ја блокираат раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“, со барање да им се исплати долгот што го има ЈСП Скопје кон нив.

Слични содржини