Прв меѓународен саем за промоција на синџирот на снабдување во Кина – веќе 100 % букиран, но има и резервирани штандови и за вториот саем

0
121

Првиот меѓународен саем за промоција на синџирот на снабдување во Кина се одржува во Пекинг од 28 ноември до 2 декември. Кои се главните карактеристики на Chain Expo во споредба со другите саеми? Какво е учеството на компаниите на саемот? Дали е отворен за јавноста? Џанг Шаоганг, потпретседател на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија, одговори на серија прашања.
„Ова е првиот светски саем на национално ниво со оваа тематика -Поврзување на светот и создавање на иднината“.
Џанг Шаоганг претстави дека овој Chain Expo има вкупна изложбена површина од 100.000 квадратни метри, со пет главни изложбени области за услуги на синџири на снабдување, вклучувајќи паметен автомобилски синџир, зелен земјоделски синџир, синџир на чиста енергија, синџир на дигитална технологија итн. На изложбата учествувааt 515 кинески и странски претпријатија и институции, фокусирајќи се на прикажување на нови технологии, нови производи и нови услуги во клучните алки на синџирот. Првиот саем од ваков тип е веќе 100 % букиран, многу излагачи веќе резервираа штандови и за вториот Chain Expo.

извор: CGTN Македонски