Перез разговарал со Килијан Мбапе по поразот од ПСЖ синоќа

од Vladimir Zorba

Претседателот на Реал (Мадрид), Флорентино Перез телефонски контактирал со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, откако Парижаните беа елиминирани во полуфиналето на Лигата на шампионите, објави шпанското издание Defensa Central.

Мбапе речиси сигурно ќе им се приклучи на „кралевите“ на лето по завршувањето на актуелната сезона, но трансферот се уште не е официјално објавен.

Изданието тврди дека Перез му рекол на Мбапе: „Се надевам дека ќе бидеме на „Вембли“. Ќе беше задоволство да игравме против тебе“.

Пари Сен Жермен испадна од Лигата на шампионите откако беше два пати поразен со 0:1 во полуфиналната пресметка против германска Борусија (Дортмунд).

Вечерва Реал (Мадрид) е домаќин на уште еден германски тим Баерн (Минхен) во реваншот од втората полуфинална двојка.

Првиот натпревар заврши нерешено 2:2.

Слични содржини